29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку начини како да ја подобрите невербалната комуникација

Неколку начини како да ја подобрите невербалната комуникација

h

И додека молчите откривате некои свои особини. Со невербалната комуникација им откривате на шефовите и колегите каква личност сте вие.

Експертите препорачуваат да ја откриете тајната на невербалната комуникација, бидеjќи тоа ќе ви помогне да ја изградите и вашата кариера.

Не избегнувајте го контактот со очите, ниту кога слушате ниту кога зборувате. Ако ги прекрстите рацете покажувате одбранбен став и оставате впечаток на непристапна личност. Затоа, со широка насмевка покажете дека сте пријатен и самоуверен соговорник. Сепак, не се смејте кога разговарате за сериозни теми.

Еве како говори телото:

Раце

Дланките свртени надолу покажуваат дека сте самоуверена и доминантна личност, а дланките свртени нагоре покажуваат дека сте неагресивна, понизна, несигурна личност.

Усни

Потиснувањето на усните е знак на отпор, лутина стрес. Нежно искривените усни се знак на тивко патење и разаочарување.

Поглед

Гледајте го соговорникот непрекинато најдолго три секунди.

Личен простор

Окупирањето на личниот простор користете го промислено. Ако сакате да оставите впечаток на отворена личност заземете цврста и самоувeрена поза и дозволете соговорникот да ви се приближи. Ако сакате соговорникот да знае дека сте заинтересирани за темата на разговор, свртете го лицето и телото накај него. Притоа, гледајте го во очи. Не погледнувајте во часовникот или во мобилниот, тоа е знак на незаинтересираност. Несигурните луѓе ја држат шолјата за кафе во висина на градите, со тоа тие создаваат бариера кон соговорникот.

Сјајен прв впечаток за само неколку секунди

Пред да влезете во канцеларијата на шефот или на состанок, одлучете каков став ќе имате. Седете исправено, кренете ја главата наназад – тоа е став на самоувeренеост. Навалете се накај соговорникот, но бидете одалечени. Во знак на согласност, отворете ги очите и кренете ги веѓите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП