19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико Мадрид подготвува изненадувачка понуда за Швајнштајгер

Атлетико Мадрид подготвува изненадувачка понуда за Швајнштајгер

bastijan

Актуелниот шампион на Шпанија, Атлетико Мадрид подготвува изненадувачка понуда за Бастијан Швајнштајгер од Баерн Минхен, објавија шпанските медиуми.

Според информациите „јорганџиите“ се подготвени да платат 15 милиони евра за 30-годишниот фудбалер.

Тренерот на Баерн Пеп Гвардиола е подготвен да се раздели со германскиот репрезентативец, но баварците и покрај се ќе сакаат поголема сума.

Швајнштајгер е дел од Баерн од 13-годишна возраст. Тој од 2001-ва до 2005-та беше дел од вториот тим на Баерн, но од 2002-ра година повремено настапуваше и за првиот тим на гиганот од Минхен. Во дресот на баварците, Швајнштајгер досега има 337 настапи, а притоа 42 пати ги тресеше противничките мрежи.

Договорот на Бастијан Швајнштајгер со Баерн Минхен истекува на 30-ти јуни 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП