23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTizen телефоните наскоро пристигнуваат во Европа

Tizen телефоните наскоро пристигнуваат во Европа

tizen samsung22

Според најновите информации кои пристигнуваат од Јужна Кореја, „Samsung“ се подготвува да претстави „Tizen“ телефони во повеќе земји ширум светот.

Компанијата досега го објави само „Samsung Z1“ на неколку пазари каде тој се покажа во сосема добро светло, па поради тоа тие сега сакаат да ја прошират оваа платформа на повеќе пазари.

Телефонот „Z1“ со платформата „Tizen“ е продаден во Индија само во првиот месец во преку 100.000 примероци.

„Samsung“ сега ќе ја прошири својата „Tizen“ линија на телефони со моделот „Samsung Z2“ кој би требало да го одликува „TFT-LCD“ екран со резолуција од 540×960 пиксели, 32-битен „quad-core“ процесор со 1 GB RAM меморија, „Tizen 3.0 UI“ кориснички интерфејс и батерија од 2000mAh.

Овој телефон ќе биде претставен во САД, Кина, Русија, Јужна Кореја и во неколку европски држави, но во втората половина од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП