20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговори меѓу Грција и кредиторите денес во Брисел

Преговори меѓу Грција и кредиторите денес во Брисел

brisel-21

Грција и нејзините меѓународни кредитори ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за програмата за финансиска помош за Атина и реформите кои таа мора да ги спроведе во замена за итното отклучување на преостанатата транша од кредитот, соопшти вчера Европската унија.

„Бриселската група се состанува овој викенд, а првиот состанок е денес попладне“, изјави портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, на конференцијата за новинарите, пренесува агенцијата Франс прес.

Бриселската група ја сочинуваат претставници од Грција, Европската унија, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд, како и претставниците од Европскиот стабилизационен механизам, кој емитува обврзници или други должнички инструменти на финансиските пазари со цел да собере капитал за помош на земјите членки.

„Денешните разговори доаѓаат во пресрет на неформалниот состанок на министрите за финансии на еврозоната на 24 април во Рига, на кој министрите ќе имаат прилика да го проценат досегашниот напредок“, изјави Андреева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП