24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Британија

Намалена невработеноста во Британија

velikabiranija1

Стапката на невработеност во Британија се намали на нов шестгодишен минимум од 5,6 проценти од вкупната работна сила, покажаа официјалните податоци во Лондон, во пресрет на изборите закажани за 7. мај.

Невработеноста во три месеци заклучно со февруари е намалена од 5,7 проценти, колку што изнесуваше во кварталот заклучно со јануари, наведува британскиот Завод за статистика.

Бројот на лица без работа во извештајниот квартал е намален за 76.000 лица на 1,84 милиони невработени, што е најниското ниво во последните седум години.

Бројот на вработени истовремено достигна рекордни 31 милион лица, а во последната година зголемен е за половина милион. Покрај тоа, просечната плата во Британија во февруари пораснала за 1,7 проценти на годишно ниво, по растот од 0,2 проценти во јануари.

Економистите наведуваат дека најновите податоци претставуваат добра вест за конзервативно-либерална-демократска коалициона влада на премиерот Дејвид Камерон во пресрет на изборите закажани за наредниот месец, чиј резултат засега е тешко да се предвиди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП