16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го покажа Scirocco GTS (фото+видео)

Volkswagen го покажа Scirocco GTS (фото+видео)

gts scir

Компанијата „Volkswagen“ претстави „GTS“ модификација на обновениот хечбек „Scirocco“, чија премиера се одржа во текот на зимата на 2014-та година. Новата верзија го добила истиот мотор, на кој се потпира „Golf GTI“, како и специјален распоред на екстериерот и ентериерот.

„Volkswagen Scirocco GTS“ е опремен со 2,0-литарски бензински турбомотор со 4 цилиндри, кој развива 220 КС. Тоа е за 10 КС повеќе во споредба со претходната верзија на моделот. Моторот може да работи, како со 6-брзински мануелен менувач, така и со автоматска трансмисија „DSG“ со ист број на брзини.

gts scir1

Моделите со „DSG“ му овозможуваат на хечбекот да забрза од 0 до 100 км/ч за 6,5 секунди, а максималната брзина е 244 км/ч. Забрзувањето кај верзијата со рачен менувач не е објавено, но кај неа максималната брзина е 246 км/ч. Потрошувачката на гориво во мешано возење наведена од страна на производителот, е 6,4 л/100 км.

Во опремата на обновениот „Scirocco GTS“ влегува аеродинамичкиот пакет „R-Line“, во кој се вклучени заден спојлер, странични престилки, изменети браници, 18 или 19-инчни бандажи и сопирачки механизми, обени во црвено.

gts scir2

Освен тоа хечбекот располага со црна решетка на ладилникот, а истата боја е и линијата која се простира на средината на возилот, како и на страничните ретровизори. Според зборовите на претставник на „Volkswagen“, овие елементи се јавуваат како референца кон класичниот „Scirocco GTS“ од 1982-ра година.

gts scir3

Во листата со опрема се вклучени уште нов мултимедијален комплекс, педали од нерѓосувачки челик, специјален селектор за менување на брзините и хромирани елементи. Со доплата сопственикот може да добие „Bi-Xenon“ фарови, панорамски покрив и мултифункционален волан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП