24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнува Осмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“

Започнува Осмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“

Image (22)

Осмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ ќе го отвори денес вечер Дејан Дуковски, пред почетокот на изведбата на неговата култна претстава „Буре барут“, на бугарскиот театар „Николај Бинев“ и „Креди арт“ продукција, во режија на Ана Батева.

Како и секоја година претставите ќе ги оценува три членото жири, а годинашново е во состав: Таци Илиева-Велјиќ-актерка, режисерот Бојан Трифуновски и новинарката и театарски проследувач Сребра Ѓорѓијевска.

По свеченото отворање, во 22 часот во тоалетите на Театар Комедија, ќе биде изведена и претставата „Морам да ти кажам нешто“, на Џузепе Бонифати, од Италија.

Следната фестивалска вечер, на 19 април е резервирана за македонската независна продукција. Во 20 часот на Малата сцена на МОБ, ќе биде изведена претставата „Семејни приказни“ во режија на Ангелчо Илиевски, а во 22 часот истиот ден на „Мала сцена“ на Универзална сала, ќе гостува претставата „К“, во режија на Хана Миленковска.

На 20 април, од 20 часот, на Малата сцена на МОБ ќе биде изведена претставата „Копилиња на умот“, на победниците на „Лица без маски“ од пред две години театарот „Софија Амендолеа“, а последниот фестивалски ден, 21 април, од 20 часот, е посветен за „Машината Јан Бибијан“, на режисерот Петар Пашов и театарот „Ателје 313“ од Софија, Бугарија.

Сите љубители на театарот билетите за  претставите може да ги  купат на касата на Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот. Цената на билет за секоја претстава одделно чини 150 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП