20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал последен полуфиналист во Монте Карло

Надал последен полуфиналист во Монте Карло

rafi

Рафаел Надал е последниот играч кој избори пласман во полуфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло. Надал во меч кој траеше два часа и 45 минути славеше над сонародникот Давид Ферер со 6:4, 5:7, 6:2.

Интересно мечот помеѓу двајцата Шпанци траеше подолго од претходните три четвртфинални мечеви во кои пласман во полуфиналето изборија Бердих, Монфилс и Ѓоковиќ.

Денес во 15 часот Надал во полуфиналето за противник ќе го има српскиот тенисер, додека во второто полуфинале ќе играат Монфилс и Бердих (13 часот).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП