20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо македонскиот пасош без визи во 101 земја

Со македонскиот пасош без визи во 101 земја

mak pasos33

Американскиот и британскиот пасош се најдобро рангирани на светот и со нив може без виза да се патува во 147 држави, додека граѓаните на Македонија можат слободно да патуваат во 101 држава.

Според индексот на пасоши што го изработи финансиската консултантска компанија„ „Артон Кепитол“ државите се рангирани врз основа на тоа во колку држави со нивниот пасош може слободно да се влезе. Македонскиот пасош е рангиран на 33-то место.

Веднаш зад САД и Велика Британија се најдоа Франција, Јужна Кореја и Германија, чии државјани можат да влезат во 145 држави, додека трето место го делат Италија и Шведска.

Од државите од регионот, најдобро е рангирана Словенија на 12.  место, чии државјани можат слободно да патуваат во 135 држави. Бугарија е на 15. место, а Хрватска на 19 место.

Србија е малку подобро рангирана од Македонија, на 31 место и нејзините граѓани можат да влезат во 104 земји.  Црна Гора е на 35, БиХ на 38, а Албанија на 40. место.

Најмалку пожелни пасоши според овој индекс се Соломонските острови, Мјанмар, Јужен Судан, Сао Томе и Принципе и палестиски територии, со чии пасоши може да се влезе во само 28 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП