20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРазрешена кризата во раководството на VW, Винтеркорн останува извршен директор

Разрешена кризата во раководството на VW, Винтеркорн останува извршен директор

Image (21)

Мартин Винтеркорн ќе остане на местото извршен директор на Volkswagen (VW) откако целосна поддршка му пружија главните директори и му предложија продолжување на договорот за челната функција во најголемиот европски производител на автомобили.

Компанијата во петокот соопшти дека главниот надзорен одбор го прогласи Винтеркорн најдобар можен извршен директор на VW. Во одборот посакуваат Винтеркорн да продолжи да ја обавува должноста ивршен директор „со подеднаков жар и успех“ како и до сега и да му предложи на целокупниот одбор да му се одобри нов договор на Винтеркорн на состонокот во февруари во 2016 година.

Соопштението уследи по итниот состанок поради кризата во раководството на VW, што деновиве ја предизвика некогашниот ментор на Винтеркорн и влијателниот претседател на главниот одбор, Фердинанд Пих (78), искажувајќи му недоволна доверба на Винтеркорн, за кого се очекува дека ќе го наследи Пих на челното место на 20-членото советодавно тело.

Пик во интервју за неделникот Der Spiegel минатата недела изјави дека се дистанцира од Винтеркорн, што предизвика остар пад на цените на акциите на VW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП