24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен индексот на доверба во преработувачката индустрија на годишно ниво

Зголемен индексот на доверба во преработувачката индустрија на годишно ниво

prerabotuvachkaindustrija5413513

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2015 година е непроменет во однос на претходниот месец, а во однос на март 2014 година е зголемен за 2,8 процентни поени.

Ова во петокот го соопшти државниот завод за статистика врз основа на оценката на раководителите на деловните субјекти.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март на месечно ниво е поповолна, состојбата со залихите на готови производи e поповолна, како и очекувањата за обемот на  производството во наредните три месеци.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на март 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март изнесува 62,6% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25,1%, недостигот на квалификувана работна сила со 24,7%, недоволната домашна побарувачка со 24,3%, и финансиските проблеми со 6,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП