25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсетен пораст на прометот во индустријата остварен на странски пазари

Осетен пораст на прометот во индустријата остварен на странски пазари

proizvodstvo industrisko34

Индексот на прометот во индустријата во февруари бележи пораст од 11,5 отсто на годишно ниво, објави во петокот Државниот завод за статистика.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари, бележи опаѓање од 6,6 отсто, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 16,8 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари бележи пораст од 5,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,8 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,8 отсто, Капитални производи за 24,2 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97 отсто

Индексот на прометот во индустријата во февруари, во однос на јануари, бележи пораст од 2,0 отсто додека во периодот јануари-февруари 2015 година, во однос на периодот јануари-февруари 2014 година, порастот изнесува 8,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП