24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на American Express намалени, добивката зголемена

Приходите на American Express намалени, добивката зголемена

american exppress s

Најголемата светска компанија за платежни картички „American Express“ оствари во првото тромесечје раст на добивката за 6,5 отсто на годишно ниво, но поради високиот курс на доларот и губењето на ексклузивниот договор со трговскиот синџир „Costco“, приходите на компанијата паднаа повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Во изминатиот квартал „AmEx“ оствари нето добивка од 1,53 милијарди долари, 6,5 отсто повеќе во однос на 1,43 милијарди во истиот период лани, што пред се се должи на контролата на трошоците, извести компанијата во четвртокот.

Приходите на компанијата, пак, паднале за 2,7 отсто во првиот квартал, на 7,95 милијарди, додека аналитичарие во анкетата на „Reuters“ очекуваа приходи од 8,2 долари. Поради тоа цената на акцијата на „AmEx“ вчера на Волстрит падна над 1 отсто.

Падот на приходите пред се е последица на растот на курсот на доларот во измината година за 22 отсто во однос на конишничката светски валути, што лошо влијае на приходите и добивката на американските мултинационални комании од странските пазари.

Приходите на „AmEx“ од меѓународните операции паднаа во првото тромесечје за 8 отсто во однос на истиот период лани на 1,24 милијарди.

Падот на приходите е последица и на прекинувањето на неколку „co-branded“ врски вклучително и со канадскиот одел „Costco Wholesale“.

Раководството на компанијата во деловниот извештај порача дека за цела 2015-та година очекува стагнација, а можен е и благ пад на добивката на годишно ниво.

Слабиот раст во последните неколку години ја натера компанијата да ги намали трошоците од работењето. „AmEx“ во оваа година ќе укине 4.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП