29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридниот ELR доби освежување (фото)

Хибридниот ELR доби освежување (фото)

elr

„Cadillac“ го претстави обновениот хибрид „ELR“, кој се произведува од 2013-та година. Купето има неколку стилиски измени, како и модернизираниот моќен агрегат, благодарение на кој машината е помоќна и побрза.

Хибридот повторно се потпира на 1,4-литарски бензински мотор кој се користи за полнење на батериите, како и на електромотор, одговорен за предната оска. Литиум-јонските акумулатори сепак се со капацитет од 17,1 kW/ч (16.5 kW/ч кај старата верзија), а моќноста на агрегатот е зголемена од 207 на 233 КС.

elr1

Обновеното купе забрзува од 0 до 96 км/ч (60 милји) за 6,4 секунди, што е за 1,5 секунди побрзо од порано. Само на електрична енергија возилото може да помине 63 километри, а возењето со едно полнење е 530 километри. Целосното полнење на батериите од мрежа со напон од 240 волти трае 5 часа, а со напон од 120 волти – 13 часа.

Освен тоа „Cadillac ELR“ доби и модернизирано предно потпирање со поцврсти амортизери и засилен заден мост. Козметичките промени ја засегнале решетката на ладилникот и амблемот на која веќе недостасува ловоровиот венец.

elr2

Во стандардната опрема на моделот се вклучени систем за сателитска навигација „OnStar“ која подржува 4G мрежа и стандард „LTE“, а исто така и нов систем за полнење на мобилни уреди во возилото.

Цените на моделот стартуваат од 58.495 долари, а со доплата може да се нарача спортскиот пакет „Performance Package“ кој вклучува сопирачки механизми „Brembo“, спортски волан и гуми, а исто така и индивидуализирани амортизери и засилувач на управувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП