20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијаните тврдат дека Кавани се договорил со Јувентус

Италијаните тврдат дека Кавани се договорил со Јувентус

 

cavattt

Уругваецот Единсон Кавани од наредната сезона ќе игра во тимот на Јувентус, откако неименуван извор од клубот на италијанските медиуми им рекол дека напаѓачот веќе потпишал договор со „Старата дама“.

„Потпишавме договор со Кавани. Тоа е завршена работа и трансферот може да пропадне само доколку не го продадеме Пол Погба“, истакнал неименуваниот извор.

Сумата за која Кавани од ПСЖ ќе се пресели во Торино изнесува 45 милиони евра.

Инаку според медиумите во Италија, Јувентус се обидува да обезбеди уште еден напаѓач за наредната сезона бидејќи Карлос Тевез најави дека ќе си замине, исто како и Фернандо Љоренте на кого не му е понуден нов договор.

Јувентус во своите редови ќе се обиде да го донесе младиот Аргентинец од Палермо Паоло Дибала, за кого понудил сума од 32 милиони евра, или Радамал Фалкао, но само доколку Колумбиецот се согласи на помала плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП