19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт и Енис се лауреати за 2012

Болт и Енис се лауреати за 2012

boltlau

Усeин Болт и Џесика Енис се најдобри спортисти во светот во 2012-та година. Тие се победници на престижни награди на „Laureus 2012“.

Јамајканецот Усеин Болт на Олимпијадата во Лондон ги одбрани титулите на 100, 200 и 4×100 метри од претходните игри, па затоа не е ни чудно што по третпат во својата кариера ја  добива оваа награда. Болт не се појави на свеченоста, па неговата порака беше пренесена преку проекција на видео.

„Јас не сум со вас вечерва, но дефинитивно во 2016-та година доаѓам во Рио да ги бранам своите титули“, изјавил Болт.

enis

Атлетичарката Џесика Енис го освои златниот медал во седмобој на Олимписките игри во Лондон.

„Во Лондон, бев под голем притисок поради настапот пред домашната публика. Голема поддршка од семејството и пријателите ми помогна да се надминат сите проблеми и да дојдам до златениот медал“, рече таа по примањето на наградата.

Повратник на година е атлетичарот Феликс Санчез, кој по серијата повреди во Лондон го освои златниот медал во 400 метри со пречки, Мајкл Фелпс, кој ја заврши својата кариера со 18 олимписки златни, ја освои наградата за извонредни достигнувања. Даниел де Фариа Диас е најдобар спортист со инвалидитет, а пак Феликс Баумгартнер е најдобриот екстремен спортист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП