29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонте Карло: Монфилс го прегази Димитров

Монте Карло: Монфилс го прегази Димитров

MONFILS

Францускиот тенисер Гаел Монфилс ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло. Монфилс за само 56 минути во четвртфиналето го порази Бугаринот Григор Димитров со 6:1, 6:3. Противник на Монфил во полуфиналето ќе му биде Томаш Бердих.

Монфилс кој се повреди на претходниот мастерс во Мајами, од турнирот во Монте Карло немаше големи очекувања, но тој во „малото кнежевство“ игра извонреден тенис. Пред Монфилс досега паднаа Кузњецов, Долгополов, Федерер и Димитров и уште Бердих го дели од пласманот во финалето.

Во досегашниот тек од турнирот францускиот тенисер загуби само еден сет.

Монфилс со страшно темпо го започна мечот, во првиот сет направи три брејка и буквално го прегази противникот. Во тој момент беше јасно дека Димитров нема никакви шанси да се врати во мечот, иако во третиот гем од вториот сет пропушти две можности за да му го одземе сервисот на противникот. Монфилс во следниот гем беше тој го направи брејк кој му беше доволен за освојување на вториот сет.

Монфилс во Монте Карло ќе игра во своето второ полуфинале на некој од Мастерс турнирите, претходно тоа му се случи во 2006 во Рим. Од друга страна неговиот противник во полуфиналето Бердих во 2007 и 2012 играше во полуфиналето во Монте Карло.

Монфилс и Бердих имаат одиграно шест меѓусебни дуели, Чехот е многу поуспешен со пет победи од кои две се забележани оваа година, во Ротердам (6:1, 6:4), а во Мајами Монфилс предаде при водство на Бердих од 6:3, 3:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП