18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord го „напаѓа“ премиум сегментот во Европа (фото+видео)

Ford го „напаѓа“ премиум сегментот во Европа (фото+видео)

vignale

Разликата меѓу поевтините модели на традиционалните премиум брендови и возилата од средната класа полека се намалуваат. Меѓу компании кои се обидуваат да се доближат до луксузните производители е и „Ford“ кој на купувачите на европскиот пазар ќе им понуди премиум под-бренд – „Vignale“.

vignale1

Станува збор за возила кои се засновани на стандардните модели на „Ford“, но се дополнително доработени во центарот „Vignale“, во Валенсија, со цел да се задоволат потребите на пребирливите клиенти.

„Ford“ за крајот на април го најави стартот на продажбата на првиот таков модел – „Vignale Mondeо“.

vignale2

Aвтомобилот ќе биде достапен во лимузинска и караван верзија, и ексклузивната „Vignale Nocciola“ металик боја, додека внатрешноса ќе биде преслечена со специјална кожа.

Од „Ford“ велат дека сите „Vignale“ автомобили ќе бидат рачно доработени во шпанскиот погон на оваа компанија.

vignale3

„Vignale Mondeo“ воедно е и првиот модел на „Ford“ за европскиот пазар кој е опремен со нова технологија за намалување на бучавата во кабината.

Системот „Active Noise Cancellation“ користи три микрофони со цел да се регистрира звукот на моторот кој се слуша во внатрешноста на возилото. Потоа преку звучниците во кабината се емитуваат звучните бранови кои ја поништуваат бучавата на моторот.

vignale4

Со цел верзијата „Vignale“ визуелно да се разликува од стандарниот „Mondeо“, „Ford“ изврши стилска модификација која ја опфати предната маска и браникот, како и украсните детали од алуминиум.

Автомобилот е опремен со специјално дизајнирани 18-инчни алуминиумски бандажи кои можат да се нарачаат во бела, сребрена или црна боја.

vignale5

Списокот на опрема меѓу останатото опфаќа и „LED“ адаптивни фарови, електрично отворање на багажникот, греење на воланот и аудио систем со 12 звучници кој е поврзан со мултимедијалниот „SYNC2“ уред и навигација.

Кога станува збор за системите за безбедност, сопствениците на „Vignale Mondeо“ можат да сметаат на технологијата за „читање“ на сообраќајните знаци, системот за автоматско сопирање при помала брзина во градски услови, асистенција при паркирање…

vignale6

„Ford Vignale Mondeo“ во понудата ќе има четири погонски системи. Најмоќниот е 2.0-литарски „EcoBoost“ турбо-бензинец со 240 ks.

Покрај него, на располагање се и два „TDCi“ дизели со иста зафатнина, но послаб со 180 ks и би-турбо со 210 ks.

На купувачите ќе им биде достапна и хибридна верзија со 187 ks, која се состои од бензински и електромотор. А со доплата може да се нарача и „iAWD“ системот на „Ford“ за погон на сите 4 тркала.

Со оглед дека „Ford Vignale Mondeo“ во Велика Британија чини од 29.045 фунти (oколу 40.000 eвра) се поставува прашањето, дали со вака високата почетна цена може да им конкурира на класичните премиум производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП