19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапрена работата на филмот „Аферата Мис Стон“, режисерот Митревски го обвини директорот...

Запрена работата на филмот „Аферата Мис Стон“, режисерот Митревски го обвини директорот на Агенцијата за филм

darko mitrevski

Познатиот македонски режисер Дарко Митревски соопшти дека ја запира работата на филмот „Аферата Мис Стон“, што требаше да претставува првата македонско-американска филмска копродукција.

Во отвореното писмо, Митревски како директен виновник за ваквата одлука го посочува Дарко Башески, директорот на Агенцијата за филм.

„Во изминатите шест години во кои раководиш со Агенцијата за филм на РМ (или поранешен Филмски фонд на РМ) си страсно посветен на попречувањето на авторите што не ти се симпатични (а во таа група спаѓаме речиси сите ние што нешто значиме и вредиме во филмската уметност и занает во Македонија), тоа одамна веќе не е никаква тајна во домашните професионални кругови“, се вели во отвореното писмо упатено до Башески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП