23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМинхен Ре очекува добивка од 3 милијарди

Минхен Ре очекува добивка од 3 милијарди

minhen

Најголемата светска компанија за ре-осигурување Минхен Ре најави дека оваа година очекува стабилно работење и добри резултати, откако во 2012-та година нето-добивката ја зголемија за повеќе од четири пати.

“Иако економскиот раст во многу развиени земји ќе биде побавен поради консолидација на владините финансии и високата невработеност, ние остануваме оптимисти за нашиот бизнис”, рече извршниот директор Николаус фон Бомхард.

Па така за 2013-та година предвидуваат речиси три милијарди евра нето-добивка.

Минатиот месец, тие објавија дека нивниот нето-приход во 2012-та година се зголемил на 3.211 милијарди или за 711 милиони повеќе од една година претходно.

Оперативниот профит е исто така порасна за повеќе од четири пати, да 5. 35 милијарди евра, односно со 1.18 милијарди евра во 2011-та година.

Бруто-приходот од премиите се зголеми за 5.1 проценти и изнесува 52 милијарди евра.

Главениот фактор во остариот раст на профитот беа пониски загуби од природни катастрофи во изминатата година, во износ од 1.3 милијарди евра. Ураганот Сенди беше најголемата природна катастрофа што ја чинат компанијата 800 милиони долари.

Во 2011-та година загубите поради природните катастрофи изнесува дури 4.5 милијарди евра затоа што беа во предвид земјотресот и цунамито во Јапонија, земјотресот во Нов Зеланд и поплавите во Тајланд.

Во 2013-та година компанијата очекува бруто-приход да се движи во опсег од 50 до 52 милијарди евра, со претпоставка на стабилен девизен курс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП