29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХакери го нападнаа Холивуд

Хакери го нападнаа Холивуд

usa_hollywood_sign_palm_trees

Дури петнаесет познати светски ѕвезди биле мета на напад од страна на хакери. Сите нивни приватни податоци биле објавени на интернет.

Станува збор за непознати хакери кои провалиле во сметките на Доналд Трамп, Бритни Спирс, Ким Кардашијан, Парис Хилтон, Мел Гибсон, Аштон Качер, Џо Биден, Руперт Милер, Хилари Клинтон, Ерик Холден, потоа и началникот на полицијата во Лос Анџелес, Чарли Бек, како и началникот на ФБИ.

Освен состојбата на нивните банковски сметки, објавени се и сумите на хипотеките кои ги имаат, состојбите на кредитните картички, изнајмувањето на возила и многу други детали.

Ова предизвика паника кај споменатите лица, но и кај сите останати кои се уште не се дел на ваквиот вид на напад, па поради тоа за да се откријат сторителите и да се спречат натамошните обиди е вклучен тим на ФБИ кој ќе го истражува случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП