25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМоќниот HTC One M9 доаѓа во Македонија

Моќниот HTC One M9 доаѓа во Македонија

bba

HTC денеска го промовираше пред македонската публика најмоќниот претставник на светски познатата HTC One серија, елегантниот HTC One M9.

HTC One M9 ќе биде достапен кај нас во последната недела од април во продажните салони на сите партнери на HTC: Т-Мобиле, Вип и Оне. Долгоочекуваниот HTC One M9 на домашните љубители на врвното смартфон доживување ќе им биде достапен во две бои, метално сива и златно сребрена боја.

Секогаш посветен кон извонредност, HTC уште еднаш успеа да создаде телефон кој заслужува внимание.

‘’Особено ми е драго што сме тука со вас и што имаме можност одблизу да ви ги презентираме извонредните карактеристики на нашиот HTC One M9. М9 претставува совршена комбинација на стил, убавина и перформанси која овозможува врвно доживување од еден смартфон. Во Македонија М9 ќе биде достапен преку трите мобилни оператора на крајот на април. ‘’ изјави Николај Нанков, Регионален менаџер на ХТЦ за Македонија и Бугарија.

bbc

Највпечатливите карактеристики на овој извонреден телефон се:

  • Спој на најдоброто од наградуваните HTC One M7 и HTC One M8 во спектакуларен, легендарен дизајн со препознатливи метални рабови одлично искомбинирани со грациозните облини.
  • Главна камера со неверојатни 20 мегапиксели која овозможува правење 4К видеа додека со преднатаUltraPixel™ селфи камера можете да правите фотографии и видеа со извонредна јасност и да опфатите 300% повеќе светлина од вообичаените камери со иста резолуција.
  • Единствената комбинација на HTC BoomSound, Dolby Audio, фино подесениот звучен профил и Qualcomm® Immersive Audio кои гарантираат незаборавно музичко искуство и се непогрешлив белег на HTC One M9. Ова е првиот HTC телефон кој има 1 channel Dolby® Surround sound кој ве носи во срцето на акцијата.
  • HTC Sense 7 сософтверот EYE™ Experience на HTC го прави лесно сликањето креативни фотографии.Низата нови ефекти за уредување фотографии како Shapes, Prismatic, Elements и Bokeh ви овозможуваат да додадете по малку индивидуална имагинативност во секоја слика која ја правите.

 

Накратко, М9 е многу повеќе од обичен телефон кој секако вреди да го имате.

Новиот телефон ја продолжува традицијата на HTC во правењето телефони со прекрасен изглед. HTC One M9 е еден од најубавите смартфони на пазарот. Сега конечно знаеме кога атрактивниот телефон ќе пристигне во Македонија.

bba

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП