25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои карактеристики ја потврдуваат успешноста на лидерот?

Кои карактеристики ја потврдуваат успешноста на лидерот?

Lídr

Економски променливата состојба во светот овозможи да се увиди острата разлика меѓу лошите и добри менаџери. Променливите и нестабилни економски услови јасно ги истакнаа карактеристиките кои е потребно да ги поседува секој лидер…

Визија

Лидер е човек кој има визија. Некој кој јасно може да согледа што е возможно, а што не. Некој кој може да ги види потенцијалните квалитети на своите вработени, и притоа да не биде фокусиран на нивните недостатоци. Тој ја разбира својата улога како привилегија, а не само како одговорност.

Искреност

Лидерот мора да има визија, страст, обврска, харизма, комуникациски вештини, но, без вистинска искреност и без доследност кон своите принципи, брзо може да ја изгуби довербата кај своите вработени.

Комуникација

Личноста која врз основа на комуникациски вештини ја гради довербата меѓу своите вработени е вистински водач. Тоа е личност која со другите го споделува своето знаење  и помага да се изгради една пријатна работна атмосфера.

Креативност

Променливата економска ситуација која се чувствува секаде во светот, бара од луѓето да излезат од своите шаблони, правила. Тие мора да станат иновативни, за да можат успешно да ја водат компанијата.

Инспирација

Американската писателка, Маја Ангелоу, еднаш рече: “ Луѓето ќе заборават што сте кажале. Луѓето ќе заборават што сте направиле. Но, никогаш нема да заборават како се чувствувале поради вас.” Лидерот е личност која ги охрабрува и инспирира своите вработени. Тој треба да ги натера да се чувствуваат добро и како вработени, но и како личности.

Храброст

Големи се очекувањата за луѓето кои се на позиција. Од нив се очекува да покажат храброст и да превземат ризик, да се грижат за клиентите, да гледаат храбро во иднината и да гледаат во можностите кои ги очекуваат.

Самоувереност

Најдобри лидери се оние кои признаваат дека немаат одговор за се и кои не можат да ја завршат целата работа сами. Вистински предизвик е да најдете лидер со таква самоувереност.

Кредибилитет

Лидерот е тој кој што другите сакаат да го следат. Оние кои се од неговиот тим, се горди за тоа.

Прилагодливост

Способниот водач знае да се справи во кризни ситуации, најчесто реагира превентивно, и секогаш има втор план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП