20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo подготви суперлуксузна верзија на XC90 (фото+видео)

Volvo подготви суперлуксузна верзија на XC90 (фото+видео)

exe volvo

„Volvo“ ја прикажа максималната верзија на новиот кросовер „XC90“, која официјално ќе биде претставена на претстојниот автомобилскиот саем во Шангај. Таа го добила додаток „Excellence“ кон името и се одликува со луксузна опрема.

При оваа модификација се отстранети вториот и третиот ред седишта, а на нивно место се поставени две одделни седишта. Тие се целосно идентични со оние на возачот и на патниците до него, нудејќи огромен простор за нозете за лицата кои се возат позади.

exe volvo1

Во стандардната опрема на „Volvo XC90 Excellence“ се вклучени масички на повлекување, фрижидер, држачи за чаши, кои можат да се ладат или загреваат по желба на патниците, како и комплет кристални чаши, произведени од шведската компанија „Orrefors“.

Задните седишта имаат целосен сет електрични нагодувања, а исто така и со функции за загревање, вентилација и масажа.

Volvo XC90 Excellence - interior

Возејќи се во возилото патниците може да уживаат исто со јонизаторите на воздухот и на аудио системот „Bowers & Wilkins“ со моќност од 1400 вати. Патниците одзади исто така имаат и свои екрани на мултимедијални системи.

Volvo XC90 Excellence - interior

Топ верзијата на „Volvo XC90“ ќе се нуди само кај хибридната модификација на моделот. Таа е опремена со 2,0-литарски бензински мотор и електромотор, чија вкупна моќност е 400 КС.

Volvo XC90 Excellence

Во прво време оваа опција на кросоверот ќе може да се нарача само во Кина, но потоа ќе се појави и на уште неколку пазари. Кои се тие, уште не е познато. Исто така засега е тајна и цената на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП