29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБелгиската КБЦ се повлече од НЛБ

Белгиската КБЦ се повлече од НЛБ

NLB I DALJE TONE U GUBITKE

Белгиската банка КБЦ и го продаде својот удел од 22 проценти во најголемата словенечка банка НЛБ на Словенија, со што официјално се повлече од оваа банка.

Државата на овој начин, за цена од едно евро за акција, стана сопственик на уште 22 проценти од акциите на НЛБ, со вкупна вредност од 2,76 милиони евра, зајакнувајќи ја својата позиција вo банката, која во последните неколку години забележа големи загуби поради ненаплатливите кредити и банката на која оваа година и е потребна нова докапитализација.

Договорот за продажбата на акции беше најавен на крајот на минатата година, но тоа беше неопходно да го одобри Канцеларијата за заштита на конкурентноста.

Со продажбата на својот удел во НЛБ, КБЦ исполни едно од ветувањата кои и ги даде на Европската комисија во врска со планот за реконструкција. Продажбата резултираше со загуба од 100 милиони евра, кои белгиската групација веќе ги пресмета во резултатите на последниот квартал од минатата година.

КБЦ во 2002 година купи 34 проценти од акциите на НЛБ за 435 милиони евра. Односите помеѓу белгискиот и словенечкиот кредитор беа загрозени во 2006 година, кога тогашната влада на премиерот Јанез Јанша не дозволи КБЦ да стане мнозински сопственик на НЛБ. После тоа, белгиската банка одби да ја игра стратешката улога во НЛБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП