28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei претстави фаблет со дисплеј од 6.8 инчи (фото+видео)

Huawei претстави фаблет со дисплеј од 6.8 инчи (фото+видео)

f huawei

Кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ претстави зголемена верзија на својот премиум смартфон, моделот „P8“.

P8max“ ќе е со 6.8-инчен дисплеј со „HD“-резолуција, покрај тоа што неговиот голем екран е речиси без никакви граници, неговата најголема предност ќе е батеријата од 4.360 mAh. Од производителот ветуваат дека батеријата издржува 2,5 дена употреба, како и 15 часа сурфање на интернет.

f huawei1

Софтверот ќе овозможува истовремено отворање на неколку прозорци и работа со различни апликации. Овој уред ќе е еден од најтенките со слични димензии, затоа што дебелината ќе му е едвај 6,8 мм.

Корисниците ќе добијат задна камера со резолуција од 13 мегапиксели со двоен блиц, како и 5-мегапикселна предна камера. Инаку процесорот ќе е осумјадрен со фреквенција од 2 GHz, а оперативната меморија ќе е 3 GB.

f huawei2

Куќиштето на фаблетот е од алуминиум, па неговата тежина е само 228 грама, што е споредлива со онаа на фаблети со далеку помали дисплеи.

Овој уред ќе се продава по цена од 549 евра за основната верзија со 32 GB внатрешна меморија и 649 евра за 64-гигабајтната верзија. Тој ќе се нуди во 30 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП