19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPlayBrush го претвора миењето на забите во забавна игра (видео)

PlayBrush го претвора миењето на забите во забавна игра (видео)

playbrush

За некои мали деца миењето на заби е досадна обврска која тие сакаат да ја избегнат. Компанијата „PlayBrush“ има интересно решение за тоа, па се обидуваат да го претворат миењето на забите во забавна игра.

Таа развива додаток кој може да се прикачи на било четка за заби и да ја претвори во интерактивен контролер за видео игри. Во случајот станува збор за игри за смартфони. „PlayBrush“ располага со сензор и модул за „Bluetooth“ конекција со смартфонот.

Игрите се дел од софтверот на „PlayBrush“ и се развиени специјално за оваа цел. Тие се управуваат преку движењето на четката за заби. Идејата е да се стимулираат децата да сакаат да си ги мијат забите редовно и истовремено да се создаде навика како правилно да ја движат четката.

Сензорите ја откриваат фреквенцијата и траењето на миењето и дури по кои заби поминува четката. Се даваат дополнителни поени во игрите, кога четката ќе ги „посети“ и најоддалечените места на забите и непцата.

Компанијата собира финансии преку „Kickstarter“, а планира да започне со продажбата на „PlayBrush“ до крајот на оваа година. Уредот ќе чини 65 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП