28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРио смета дека фудбалерите се најплатени

Рио смета дека фудбалерите се најплатени

rioferdinand

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд во едно интервју проговори за платите на фудбалерите.

„Дали сме преплатени во споредба со луѓето кои работат во јавните служби, например со војниците кои и служат на својата земја? Па мислам дефинитивно дека сме“, изјавил англискиот репрезентативец, но притоа додал дека фудбалерите не биле така платени како што се голферите, тенисерите, кошаркарите, бејзболисите кои земале многу големи пари за разлика од фудбалерите.

Најбогатиот светски фудбалер, според спонзорските договори е поранешниот соиграч на Фердинанд, Дејвид Бекам.

„Мислам дека Дејвид е одличен пример за тоа како да се управува со сопствениот имиџ. Се чини дека тој го најде соврешениот метод, затоа што цело време е на насловните страни, што и да направи“, заклучи Фердинанд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП