19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХуманитарен креативен Велигден на Рамстор Мол и дечињата од домот 11 Октомври

Хуманитарен креативен Велигден на Рамстор Мол и дечињата од домот 11 Октомври

veligden ramstor

По повод големиот христијански празник Велигден, во четврток, 9-ти април, во Рамстор Мол ќе се одржи голема хуманитарна креативна работилница за боење на уникатни велигденски јајца во која главни креативци ќе бидат децата од домот 11-ти Октомври, работилницата започнува во 11.30 часот.

Посетителите на Рамстор Мол ќе добијат можност во живо да го следат и да се вклучат во креативниот процес на создавање на велигденските јајца, да си купат јајце и со тоа да донираат во специјалната кутија за донации која ќе биде поставена во трговскиот, а средствата ќе бидат наменети за децата и домот

veligden ramstor1

Во рамки на Велигденските активности истиот ден од 13 до 19 часот сите дечиња добиваат можност во супермаркетот во Рамстор Мол да ја покажат својата креативност во боењето јајца.

Од Рамстор Мол ги покануваат сите хумани граѓани да бидат дел од овој празничен хуманитарен настан за заедно да го разубавиме Велигден на децата од домот 11 Октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП