28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle прави паметни патики

Google прави паметни патики

gugl-patike

Компанијата „Google“, освен сопствените телефони, очила и автомобили без возачи, моментално работи на уште еден свој производ. Тоа се паметни патики кои ќе зборуваат и ќе може да објавуваат статуси на социјалните мрежи.

Се чини дека во иднина производите на „Google“ ќе може да се носат на главата, во вашиот џеб и на нозете, а благодарение на „Google“ технологијата која ја тестираат во автомобилите, ние не ќе мораме ниту да возиме.

Со овој прототип од компанијата сака да покаже како се интегрираат технолошките иновации во маркетингот и рекламирањето.

Една од потенцијалните можности на патиките е да го известуваат корисникот колку километри има поминато или ако се разбуди многу доцна за трчање го предупредува колку би можел да помине додека спиел. Што се однесува до технологијата, тие имаат вградено акцелерометар, жироскоп и звучници со кои може да комуницира со корисникот.

Сепак од „Google“ велат дека овие патики не се ни близу до финалниот производ и дека станува збор експеримент со кој сакаат да ги истражуваат можностите и иновациите кои треба да донесат промени во некои од постојните производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП