23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпецијална верзија на роудстерот S660

Специјална верзија на роудстерот S660

spec honda

„Honda“ претстави специјална верзија на двоседот роудстер „S600“, по повод стартот на продажбата во Јапонија, која е планирана за 2-ри април. Цените на автомобилот почнуваат од 16.545 долари.

Должината на моделот е малку повеќе од 3 метри. Во основната верзија „S660“ се потпира на турбомотор со зафатнина 0,6 литри кој генерира моќност од 64 КС и 104 Nm вртежен момент. Агрегатот работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач или со вариаторна трансмисија. Максималната брзина на роудстерот е 140 км/ч.

Специјалната верзија може да биде различна со уникатната боја на каросеријата – „Premium Star White Pearl“ со отстранлив мек покрив и црно-белите странични ретровизори. Во кабината двете седишта се во различна боја, а во опремата е вклучен нов мултимедијален систем, како и системот за автоматско сопирање при мала брзина „City Brake Active“.

spec honda1

Тежината на роудстер е 900 кг, а се очекува тој да се појави и на пазарите во Европа. На Стариот континент моделот ќе биде придвижуван од друг агрегат – 1,0-литарски со турбина, а неговата моќ ќе биде 129 КС, затоа и името на моделот за Европа ќе биде „S1000“.

Се очекува во 2017-та година „Honda“ да „препороди“ уште еден роудстер – легендарниот „S2000“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП