25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn со 22% раст на профитот во 2014-та година

Foxconn со 22% раст на профитот во 2014-та година

foks

„Hon Hai Precision Industry“ позната уште како „Foxconn“, која е главен снабдувач на „iPhone“ на „Apple“, забележа најголем раст на финансиските резултати за последните пет години, пишува „Wall Street Journal“.

„Hon Hai“ објави дека нето нејзината добивка во последната година се зголемила за 22% во однос на претходната, што е значителен раст во однос на 13-те % во 2013-та година и 1,9% од пред пет години.

Компанијата добива речиси половина од своите приходи од својот главен клиент „Apple“. Гигантот од Купертино, Калифорнија, продаде 74,5 милиони примероци „iPhone“ во првото фискално тромесечје, што заврши на 27-ми декември. Тоа е за 46% повеќе во однос на претходната година, а нејзиниот профит достигна рекордни 18 милијарди долари.

Но, производителот од Тајван бара нови мотори на раст подалеку од договорот за производство, кој го има склучено со „Apple“, бидејќи во последните години конкуренцијата во овој бизнис станува жестока, а платите во Кина продолжуваат да се зголемуваат.

foks1

„Hon Hai“ го прошири својот бизнис во областа на електронската трговија, создавајќи сопствена онлајн платформа за продажба на мало во Кина. Освен тоа голема надеж имаат во пазарот на телекомуникациски услуги, па така инвестираа во сопствена брза мобилна мрежа во Тајван.

Аналитичарите, сепак се скептични во однос на напорите за диверзификација на компанијата, бидејќи таа нема доволно искуство на овие нови пазари.

Компанијата објави дека во 2014-та година нејзината нето добивка порасна до 130,53 милијарди тајвански долари (4,17 милијарди долари) од 106,69 милијарди тајвански долари пред една година. Нејзините приходи се зголемени за 6,5% до 4,12 илјади милијарди тајвански долари од 3,95 илјади милијарди долари, година порано.

„Hon Hai“ ужива подобри резултати и благодарение на големите нарачки од брзо растечките кинески производители на паметни телефони како „Xiaomi“ и „Huawei Technologies“, кои придонесоа за скок во приходите на нејзината единица за производство на паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП