20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank of Italy затвора филијали, но нема да дели откази

Bank of Italy затвора филијали, но нема да дели откази

92017073954e5c0c9a5b50564436240_640x480

Централната банка на италија „Bank of Italy“ ќе затвори 19 свои филијали, ќе го зголеми обемот на работење во големите филијали и ќе ги спои во една трите дивизии за надзор, но напоменува дека нема да дели откази.

Италијанската централна банка „Bank of Italy“ напоменува дека никој од 360 вработени во 19 филијали кои ќе бидат затворени нема да останат без работа, пренесува агенцијата АНСА.

„Bank of Italy“ која вработува 7.000 луѓе, наведува дека оваа мерка е дел од поширокиот план за реорганизација на банката.

Банката овие филијали ќе ги затвори во текот на наредните три години, па во 2018 година ќе има вкупно 39 филијали, во однос на сегашните 58 филијали.

Банката во 2007 година имаше 97 филијали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП