28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажна стратегија: Како Ikea им го „поматува“ разумот на купувачите

Продажна стратегија: Како Ikea им го „поматува“ разумот на купувачите

salon ikea2

Како и кај повеќето продавници и „Ikea“ своите продавници ги дизајнира така што на купувачите ќе им го „помати“ разумот и ќе им земе пари повеќе отколку што планирале да потрошат.

Иако сите за тоа сме повеќе или помалку свесни, постојат и такви кои сериозно се занимаваат со оваа проблематика, и тоа кога станува конкретно збор за продавниците на „Ikeа“.

Американскиот новинар Џош Санбурн и професорот Алан Пен кои се занимаваат со истражувања за оваа шведска компанија направија заедничко истражување и заклучиле дека „Ikea“ сепак е малку поразлична од другите продавници.

Дизајнерите на „Ikeа“, тврди оваа двојка, намерно го организираат и уредуваат просторот со цел да ги збунат купувачите, а со тоа практично се приморани да „лутаат“ по продавницата и со тоа тие се принудени да купат нешто што не го планирале.

Голема улога во тоа има и изложбениот простор во кој купувачот може да ги види производите, но не и да ги земе, што го зголемува чувството на исчекување, кое повторно ја зголемува желбата за купување и главно доведува до истиот резултат.

А точка на „и“ е едносмерна траса низ продажниот простор.

Toа е одличен начин купувачот да се „принуди“ да земе производ за кој можеби и не е сигурен дека го сака, или му треба, затоа што така купувачот избегнува повторно да се враќа на почетокот.

Поради тоа, експертите советуваат, добро е купувачите да имаат список на кој треба да се придржуваат. Исто така, треба да се избегнува купување кога сте уморни или нерасположени, а би требало да понесете само онолку пари колку сте планирале да потрошите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП