20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите фудбалери ремизираа со Словенија

Младите фудбалери ремизираа со Словенија

Untitled

Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, во пријателски меч во Цеље, одигра 1:1 со врсниците од Словенија.

Иако без шестмина стандардни играчи (Барди, Велковски, Радевски, Бабунски, Николов и Сулејманов), селекцијата предводена од Благоја Милевски одигра одличен натпревар против многу подобро рангираната домашна репрезентација на Словенија.

Филип Пивковски во 42-та минута го постигна голот за водство на нашата селекција, додека Словенците израмнија со голот на резервистот Ален Ожболт во 74-та минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП