23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон: Кралскиот персонал пред штрајк

Лондон: Кралскиот персонал пред штрајк

Windsor-Castle-_21

Персоналот во служба на британската кралица Елизабета Втора во дворецот Виндзор се закани со штрајк поради прениските плати, јавуваат во понеделникот лондонските медиуми.

Вработените во палатата имаат годишна плата од 14.400 фунти, што е помалку од британскиот просек, а од нив се очекува да работат и прекувремено, понекогаш и како туристички водичи и преведувачи, меѓутоа тоа не им се плаќа, пишува The Telеgraph.

Синдикатот на вработените во јавните служби – PCS во кој 120 од 200 вработени во Виндзор тврдат дека Кралското домаќинство го прекршило ветувањето дека ќе им ги плати дополнителните должности.

Синдикатот PSC на 14-ти април ќе спроведе гласање меѓу своето членство за тоа дали е расположено за штрајк. Доколку биде изгласано, штрајкот ќе започне во втората половина од април, но ќе се однесува само на неплатените дополнителни ангажмани.

Генералниот секретар Марк Сервуотка изјави дека работниците се апсолутно лојални на својот работодавец, меѓутоа дека е недозволиво од нив да се бара бесплатно да ги извршуваат работите кои му носат приходи на кралското семејство.

Дворецот Виндзор, најголемиот и најстар во светот во кој се живее, привлекува 1,1 милиони туристи годишно кои трошат таму повеќе од 17 милиони фунти. Тие пари се користат за одржување на имотите на кралското семејство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП