16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo ќе гради фабрика во САД

Volvo ќе гради фабрика во САД

(Jan 2015) Detroit, MI. North American International Auto Show

Шведскиот производител на автомобили Volvo Cars најави во понеделникот дека планира да гради прва фабрика во САД, 60 години откако започна да продава возила во оваа држава.

Ова ќе биде петта фабрика на Volvo, која е во кинеска сопственост. Форд во 2010 година го продаде шведскиот бренд на кинеската компанија Geely.

Volvo Cars не може да тврди дека е вистински глобален произведувач на автомобили без присуство во САД. Денеска тоа станавме“, рече извршниот директор Хаакан Самуелсон.

Од шведската компанија истакнуваат дека сеуште не донеле одлука за локацијата на фабриката, но наведуваат дека во проектот ќе инвестираат околу 500 милиони долари, при што се нагласува ја долгорочната определеност за присуство на американскиот пазар.

Volvo има фабрики во Шведска, Белгија, Кина и Малезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП