19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе враќа Lincoln Continental (фото+видео)

Се враќа Lincoln Continental (фото+видео)

con l

Американската компанија „Ford Motor“ соопшти дека по 13 години пауза го враќа својот луксузен бренд „Lincoln Continental“ чиј прв концептен модел е прикажан на саемот за автомобили во Њујорк. Производството и продажбата ќе започне следната година.

con l5

„Lincoln“, луксузната дивизија на „Ford“, во 1917-та година ја основаше Хенри Лиланд, поранешниот директор на „Сadillaс“. Лиланд новата компанија ја нарекол по претседателот на САД Абрахам Линколн.

con l2

Во почетокот, за време на Првата светска војна, компанијата „Lincoln“ произведувала мотори за воени авиони, а од 1920-та луксузни автомобили. Меѓутоа, веќе во 1922-ра година „Lincoln“ прогласи банкрот и беше продаден на „Ford“ кој сакаше да се стекне и со луксузна марка. Синот на Хенри Форд, Едсел, стана претседател на компанијата „Lincoln“.

Едсел Форд повеќе од својот татко се интересираше за силот и дизајнот.

con l3

„Мојот татко ги прави најпопуларните автомобили на светот, а јас сакам да ги направам најдобрите“, изјавил Едсел. Во 1938-ма побарал од тимот на дизајнери да му направат кабриолет „во европски стил“ за неговиот претстоен одмор во Палм Бич. Неговите пријатели биле импресионирани, па поради тоа тој веднаш потоа стартувал со производството на моделот „Continental“.

con l6

„Continental“ беше врвот на луксуз во 50-тите и 60-тите години. Ги возеа безбол играчот Бејб Рут и пеачот Елвис Присли. Во овие автомобили се возеа и претседателите од Џон Кенеди до Роналд Реган. Продажбата на „Continental“ го достигна својот врв во 1990-та година, но тој модел на „Lincoln“ го претекна јапонската и германската конкуренција чии автомобили беа подобри.

Последниот „Continental“ излезе од производната лента во Мичиген во 2002-ра година. Враќањето на „Continental“ е дел од повеќегодишната стратегија за обнова на брендот „Lincoln“ која опфаќа неколку нови модели со желба за голем бум на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП