18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМинатата година западните банки отпуштија 59.000 вработени

Минатата година западните банки отпуштија 59.000 вработени

banks_1780461b

Поради преструктуирање на дејноста и намалување на трошоците, едни од најголемите американски и европски банки намалија 59.000 работни места во минатата година. Очекувањата се дека работната сила во индустријата ќе се намалува уште во Европа, бидејќи раководителите на банките сакаат да ја подобрат профитабилноста, која сериозно настрада од строгите прописи, пишува „Ројтерс“.

Покрај тоа, банките продадоа или затворија цели бизниси со цел да се фокусираат на главните активности и да ги избегнат сомнежите на регулаторните тела, дека некои од нив се премногу големи за да пропаднат, но и комплексни за да се управуваат.

Според аналитичарите, цитирани од агенцијата, банките и тоа најчесто во еврозоната, ќе го извадат повторно „црвениот молив“, бидејќи тие се најнепрофитабилни во светот.

Во 2014-та година вкупно 18 големи европски банки отпуштија 21.500 вработени. Но бројката е помала во споредба со 2013-та година, кога истите ослободија 56.100 лица, покажуваат податоците на „Ројтерс“.

Шест од најголемите американски банки намалија 37.500 работни места во минатата година, откако во 2013-та година отпуштија 45.700 луѓе.

Со други зборови – во последните две години 24 банки го намалија бројот на вработени за околу 160.000 луѓе. Шестте американски банки го намалија персоналот за 7,3% во периодот, а 4,1 отсто со европските конкуренти.

Според извршниот директор на Бостонската консултантска групација Ајмен Салех, банките кои не презеле реструктуирање на активностите или не направиле доволно ќе отпуштаат уште персонал, додека оние кои тоа го извршиле претходно, ќе назначуваат службеници во одредени области.

Истражување на Меѓународниот монетарен фонд меѓу 300 банки, спроведено минатата година, покажува дека само околу 30% од банките во еврозоната поседуваат структура која им овозможува да заработат задоволителна стапка на поврат или 80% за државните банки.

Десетици илјади вработени во банкарскиот сектор ги изгубија своите работни места на почетокот на финансиската криза, но нов бран на отпуштања ја обзеде индустријата во 2013-та година, откако приходите од тргување опаднаа, а економскиот раст забави.

На пример, британската банка „Barclays“ ослободи 7.300 лица во 2014-та година како дел од планот на нејзиниот извршен директор Ентони Џенкинс да го намали персоналот за 19.000 луѓе, или еден на секои седум вработени, во следните три години, со што ќе заштеди 2,4 милијарди фунти (3,6 милијарди долари) годишно.

Минатата година најголемите кратенки на работни места ги извршија банки во САД, Велика Британија, Италија и Шпанија. Британската банка „Royal Bank of Scotland“ се раздели со 10.000 вработени, а тоа не е се, бидејќи доверителот го продава својот бизнис во странство и намалува уште една своја инвестициска единица.

По суровите кратенки во 2013-та година, некои банки имаат вработено персонал во 2014-та година. Тоа се „HSBC“, „Standard Chartered“ и „BNP Paribas“, покажуваат податоците.

Американски банки со голем обем на клиентските операции, меѓу кои „JPMorgan“ и „Bank of America“, значително го намалија бројот на вработени во последните две години. „Citigroup“ исто така се приклучи кон нив, бидејќи ги консолидира своите канцеларии и напушти некои од меѓународните пазари.

Банките затвораат гранки и ослободуваат од вработените, бидејќи расте бројот на клиенти кои ги користат се повеќе мобилното и интернет банкарство. Промената кон дигитално банкарство и поефикасно доставување на услуги повторно ќе ги зголеми тензиите врз банкарските службеници во наредните години. Аналитичарите на „Citigroup“ проценуваат дека дигитализацијата загрозува повеќе од 54% од работните места во индустријата на финансиски услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП