25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕлектронските спортови се претвораат во индустрија oд милијарди долари

Електронските спортови се претвораат во индустрија oд милијарди долари

gejmeri 22

За повеќето луѓе видео игрите се само средство за забава или дури губење на време. Ова сепак е индустрија во која се вртат повеќе пари отколку во Холивуд, а нејзината професионална сцена постепено привлекува се поголемо внимание.

Всушност таа веќе ужива огромна популарност во Азија. Таму има бројни турнири во различни игри, кои се гледаат од милиони гледачи, а гејмерите се со статус на ѕвезди. Сето ова постепено се насочува и кон Европа и САД, забележува онлајн изданието „VentureBeat“.

Во 2014-та година, на пример финалето на „League of Legends Season 3 World Championship“ беше гледано од 27 милиони луѓе. Тоа е повеќе од финалето на „NBA“, кое беше гледно од 18 милиони луѓе. Повеќе е и од шампионатот во безбол во САД, кој е гледан од 23.5 милиони луѓе. Единствено „Super Bowl“ останува над „Leage of Legends“ со над 111.5 милиони гледачи.

gejmeri 23

Анализата на „SuperData Research“ наведува дека во 2013-та година т.н. „прогејминг“ настани биле видени од над 71 милиони луѓе, а наградите во различни турнири ја надминала сумата од над 25 милиони долари.

Основен начин на гледање на турнирите е местото „Twitch“. Речиси половина од неговите корисници поминуваат над 20 часа неделно, гледајќи ги „стримовите“ или самите тие емитуваат во живо како играат. Според анализа на „International Business Times“ најпопуларните „стримери“ можат да заработат околу 20 илјади долари месечно. Парите доаѓаат од претплати од фанови (5 долари месечно), донации од фанови и реклами.

Прогнозите се дека прогејмингот не е привремена мода и интересот за него ќе продолжи да се зголемува. Неговите достигнувања досега се особено импресивни, со оглед дека немало телевизиско покривање на повеќето турнири. Самата гејмерска индустрија сепак не се прикажува на телевизија, но се очекува електронските спортови да се претворат во едно од најгледаните настани без помош на телевизијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП