20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на невработени во Португалија

Зголемен бројот на невработени во Португалија

portugalija3

Невработеноста во Португалија повторно е зголемена во месец февруари и изнесува 14,1 проценти, додека во јануари изнесуваше 13,8 проценти и таа најмногу ги погодува младите, се вели во денешното соопштение на Националниот завод за статистика Ине.

Во месец февруари стапката на невработеност кај младите од 25 години достигна 35 проценти, додека во месец јануари таа изнесуваше 34,5 проценти, се наведува во соопштението.

Вкупниот број на невработени во Португалија е 719,600, што е за 11.700 повеќе во однос на претходниот месец, пренесува агенцијата АФП.

Бројот на невработени мажи е за 0,3 проценти поголем и изнесува 13,8 проценти, додека невработеноста кај жените е зголемена за 0,2 проценти и изнесува 14,3 проценти.

Вкупно 4,4 милиони луѓе во месец февруари биле невработени, што е пад за 9,3 проценти во однос на месец јануари.

Владата очекува до крајот на годината намалување на стапката на невработеност на 13,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП