29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus 2 се очекува во третиот квартал

OnePlus 2 се очекува во третиот квартал

OnePlus-Two222

Смартфонот „OnePlus One“ речиси во текот на целата измината година влегуваше во листите на најдобрите „Android“ смартфони, -Smartphones, а според многумина експерти беше предлогот на пазарот со најдобар сооднос цена-квалитет.

Нешто повеќе, со издржливоста на батеријата од 13 часа и 16 минути, врз основа на направените тестови, тој се најде меѓу првите позиции кај смартфоните со најиздржливи батерии на пазарот.

Токму поради квалитетите на првиот модел на компанијата „OnePlus“, очекувањата за втората генерација се многу големи. Веќе е јасно како ќе се вика и новиот модел – „OnePlus 2“, според извршниот директор на компанијата кој одговарал на прашањата на потрошувачите.

И иако Карл Пеи да не објави детали за техничките карактеристики на новиот уред, тој изјави дека новиот смартфон цели да биде конкурент на „iPhone 6“ и „Galaxy S6“ и се очекува да биде еден од најексклузивните уреди за оваа година.

Според информациите кои се појавија на интернет, смартфонот „OnePlus 2“ се очекува да е со 5,5 инчен дисплеј со резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Тој најверојатно ќе биде со 64-битен осумјадрен процесор „Snapdragon 810“, како и 4 GB RAM меморија. Уредот се очекува да е со метално куќиште и подобрен дизајн, во споредба со неговиот претходник. Батеријата најверојатно ќе е од 3.300 mAh.

Очекувањата се тој да биде претставен во третиот квартал од годината. Една од најважните карактеристики се очекува да е цената. Токму најниската цена беше во основата на успехот на првата генерација. Новиот уред се очекува да е со цена од 2.699 јуани (435 долари). Има шпекулации дека компанијата развива и верзија со помал екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП