20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуле турс и следните 15 години ќе стопанисува со Автобуската станица

Руле турс и следните 15 години ќе стопанисува со Автобуската станица

rule-turs

Компанијата Руле турс ќе продолжи да стопанисува со  Автобуската станица – Скопје во следните 15 години откако победи на јавното надавање што се одржа во понеделникот.

Како што соопшти Град Скопје на јавното наддавање за давање под закуп на Автобуската станица – Скопје, лоцирана под Железничката станица (Транспортен центар), постигната е цена од 213 милиони денари плус ДДВ за давање под закуп за период од 15 години, кои што ги понуди компанијата „Руле турс“ ДОО Скопје.

За јавното наддавање беа заинтересирани седум компании од кои пет ги исполнија условите. До денот на јавното наддавање, од овие пет компании, гарантен депозит што беше услов за учество во усното јавно наддавање доставија 3 компании.

Во јавното наддавање, што се одржа во просториите на Град Скопје, учествуваа компаниите „Вардар експрес“, СИЗ за Патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје и „Руле Турс“ ДОО Скопје.

Победник на усното јавно наддавање е компанијата „Руле турс“ која понуди 213 милиони денари плус ДДВ, односно вкупната постигната цена за закуп и стопанисување со Автобуската станица – Скопје изнесува над четири милиони евра.

Компанијата Руле турс започна на 3-ти јануари 2005 год. да стопанисува со новата автобуска станица во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП