23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го удвои производството на i8

BMW го удвои производството на i8

i8 s

Силното првично побарување на суперхибридот „BMW i8“ продолжува да расте и до денес, соопштуваат од германската компанија, која неодамна го удвои производството на моделот.

Од производните ленти на фабриката во Лајпциг веќе слегуваат по 20 примерока на „i8“ секој ден, но и покрај тоа тие што сакаат да го имаат овој автомобил треба да чекаат повеќе од 4 месеци за испорака, прецизира одговорниот за производство на компанијата, Харалд Кругер.

При пазарната премиера на „BMW i8“ рокот за испорака беше цели 18 месеци, а уште тогаш од германската компанија изјавија дека клиентот не треба да чека за автомобил повеќе од 6 месеци. Порди тоа беше превземена молскавична акција за да го решат овој проблем.

Од пораката стана јасно дека капацитетот на производство ќе биде удвоен, бидејќи побарувачката на 130.000 евра вредниот спортски автомобил продолжува да расте.

Продажбата на „BMW i8“ за 2014-та година изнесува 1.748 примероци, од кои 555 на пазарот во САД. Другиот модел од новата еколошка марка на „BMW“ – „i3“, реализирал 16.052 продажби за минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП