25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ82 нови возови, најголем договор за Siеmens

82 нови возови, најголем договор за Siеmens

La Sagra

Германскиот инженерски гигант „Siеmens“ доби договор од 1.7 милијарди евра за снабдување и одржување на регионални возови во Германија, соопштија од оваа компанија.

Според договорот, „Siеmens“ ќе испорача 82 воза за новиот железнички проект „Експрес Рајна-Рур“ во регионот Северна Рајна-Вестфалија, и ќе биде задолжен за нивно одржување во следните 32 години, се наведува во соопштението на германската компанија.

„Ова е најголема нарачка во областа на регионалната железничка мрежа која „Siеmens“ досега ја има добиено во Германија“, се наведува во соопштението на „Siеmens“, и додаваат дека благодарејќи на овој договор ќе бидат отворени 100 нови работни места.

Северна Рајна-Вестфалија е најнаселената германска сојузна држава, а меѓу најголемите градови во западниот регион „Рајна-Рур“ се Келн, Бон, Дизелдорф и Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП