24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија воведува патарина од 130 евра годишно

Германија воведува патарина од 130 евра годишно

pat ger24

Како што пренесуваат медиумите, долниот дом на германскиот парламент, „Бундестаг“, го усвои контроверзниот закон со кој од 2016-та година ќе се воведе патарина од 130 евра годишно за возачите кои ги користат автопатите.

Законот е усвоен и покрај тоа што Европската унија се уште истражува дали таквата патарина ги дискриминира возачите од странство.

За законот за воведување на патарина за користење на автопатите гласале 433 пратеници, 128 биле против, а шест биле воздржани.

Иако горниот дом на парламентот, „Бундесрат“, на почетокот на мај ќе го разгледува овој закон, тој нема овластување да ја спречи неговата имплементација, што значи дека патарините кои предизвикаа жестока дебата во Германија, веројатно ќе бидат воведени веќе следната година.

Сите возачи кои ги користат автопатите во Германија ќе мораат да платат патарина, како и возачите од странство, додека возачите со германски регистрации – кои автоматски ќе плаќаат патарина како за автопатите, така и за големите сообраќајници, индиректно ќе им бидат вратени парите преку плаќањето на помал данок за моторно возило.

Политичките противници ја обвинуваат Меркел дека ја вовела патарината со цел да го задоволи претседателот на баварската влада, Хорст Зехофер, кој на конзервативните Баварци им го вети тој данок како освета за австриските и швајцарските патарини.

Во трочлената владина коалиција е и Христијанско-социјалната унија (CSU) на Зехофер, a секоја партија бараше да се исполни барем едно од нивните ветувања, како цена за влез во коалицијата на чело со Меркел.

Министерот за сообраќај, Александар Добринт, политичар на „CSU“, изјави дека патарината ќе допринесе за 500 милиони евра годишно, кои ќе бидат вложени за подобрување на германската патна мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП