25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНов роман на Благоја Иванов

Нов роман на Благоја Иванов

pokraj ezeroto2

Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат романот „Покрај езерото“, најново дело на истакнатиот македонски писател Благој Иванов.

Станува збор за роман сиот нурнат во нашата стварност, во кој детално се скенирани сите бранувања во животот на главниот јунак, но и оние, со посилен налет – бранувања во општеството и времето кое го живееме. Всушност станува збор за болно соочување со тревожноста на стварноста во која се испревртени сите вредности, во која се растура, распаѓа животот.

„Покрај езерото“ на Благоја Иванов, како што забележува во поговорот Ристо Лазаров, ги допира сите прашања на нашата живеачка, ги открива најсуштествените пластови на една временска отсечка од речиси седумдесет години. Почнува меко, речиси нежно, за да се распламти во сета жестина. Би се рекло: какво време – таков роман. Роман кој сите прашања, сосе мудрите песни на Конески, ги остава во туѓина. Роман кој нè предупредува дека смртта не била само точка, дека зад неа остануваат и големи прашалници. „Покрај езерото“ – тоа е романот што и недостасуваше на нашата литература, овде и денес. Роман со иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП