29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООва се тенисерите кои најмногу заработија во 2014-та

Ова се тенисерите кои најмногу заработија во 2014-та

tenis2

Кои се сепак најдобро платените тенисери за последните 12 месеци? Одговорот на ова прашање ни го даде финансиското издание „CNBC“.

10. Каролин Вознијацки (10,8 милиони долари).

t pari 10

24-годишната тенисерка освои 10,8 милиони долари, покажуваат податоците на „Forbes“. Од 2005-та година таа заработила над 20 милиони долари само од наградни фондови. Пред еден месец Вознијацки потпиша уште голем договор, овој пат со „Godiva Chocolatier“, а освен тоа таа го рекламира и „Adidas“.

9. Кеј Нишикори (11 милиони долари).

t pari 9

Нишикори ја започнува својата професионална кариера во 2007-ма година. Денес тој има рекламни договори со „Delta Airlines“, „Jaguar“, „Tag Heuer“ и „Wilson“. Во моментов тој ја зазема 5-та позиција на светската ранглиста, а заработените пари од наградни фондови изнесуваат 11 милиони долари.

8. Викторија Азаренка (11.1 милиони долари).

t pari 8

26-годишната Азаренка веќе има заработено 24.4 милиони долари во кариерата, а од нив 11.1 милиони долари се од последните 12 месеци. Таа ги рекламира „Nike“, „Red Bull“ и „Wilson“.

7. Енди Мареј (19.2 милиони долари).

t pari 7

Миленикот на британската публика освои 19.2 милиони долари за последните 12 месеци, покажуваат податоците на „Forbes“. Во моментов тој е на четвртата позиција на АТП листата.

6. Серена Вилијамс (22 милиони долари).

t pari 6

Вилијамс има заработено повеќе од 100 милиони долари во својата кариерта, покажуваат податоците на „The Richest“. Таа има потпишани рекламни договори со „Wilson“, „OPI Products“, „Gatorade“ и „Nike“.

5. На Ли (23,6 милиони долари).

t pari 5

Оваа тенисерка ја прекина својата професионална кариера во септември 2014-та година, по серијата повреди на колената. Неколку месеци пред тоа таа го освои „Australian Open“, а во 2011-та година и титулата од „French Open“.

4. Марија Шарапова (24,4 милиони долари)

t pari 4

Девојката на Григор Димитров е најдобро платената тенисерка во светот со приход од 24,4 милионилн долари. Русинката се наоѓа на второ место на светската женска ВТА.

3. Новак Ѓоковиќ (33,1 милиони долари).

t pari 3

Тој ја зазема 17-та позиција меѓу најбогатите спортисти во светот, а во 2012-та година списанието „Time“ го опиша како еден од највлијателните луѓе во светот.

2. Рафаел Надал (44,5 милиони долари)

t pari 2

Тој има 28 години, но ја зазема 9-та позиција меѓу најдобро платените спортисти во светот. Има склучени рекламни договори со „Nike“, „Bacardi“ и „Armani“.

1. Роџер Федерер (56,2 милиони долари)

t pari 1

Според „Fobres“ пресметаното дека богатството на Федерер надмина 300 милиони долари. Во својата кариера тој има заработено 84 титули во сингл, а од нив 17 се од Гренд Слем. Федерер ги рекламира „Moet & Chandon“, „Rolex“, „NetJets“ и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП