23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо најава е pick-up возило од страна на Mercedes

Во најава е pick-up возило од страна на Mercedes

vans mece

„Mercedes“ има во план до крајот на оваа декада да им понуди на купувачите премиум „pick-up“ возило со средна големина, објави германскиот производител. Според информациите за развој на ваквиот модел е задолжено одделението „Mercedes-Benz“ кое се занимава со производство на лесни комерцијално-патнички возила.

Автомобилските гиганти од Германија во последните неколку години се повеќе ја прошируваат својата гама на модели, па така ги покриваат и оние автомобилски сегменти на кои претходно не сметале.

Резултатот од таквата стратегија е раст во продажбата на автомобили од година во година, а ривалитетот меѓу „Audi“, „BMW“ и „Mercedes“, како никогаш досега не бил поголем. Во борбата за нови купувачи, „Mercedes“ планира да биде чекор понапред, па по „SUV“ сегментот во план е освојување на „pick-up“ пазарот.

vans mece2

Од компанијата соопштија дека оваа работа е доделена на одделението „Mercedes-Benz Vans“ кое е заслужно за новите „V Сlasѕ“, „Sprinter“ и „Citan“.

Луксузниот „pick-up“ на „Mercedes“ би требало да се појави во продажните салони до 2020-та година, а како главни пазари за ова возило се споменуваат Јужна Америка, Јужна Африка, Австралија и Европа.

„Сметам дека „pick-up“ возилата добро ќе се вклопат во нашата голбална стратегија за раст. Возилото ќе ги има сите карактеристики по кои марката „Mercedes“ ќе биде препознатлива на пазарот, како што се безбедноста, удобноста, квалитетот“, вели шефот на „Mercedes“, Дитер Цече.

Засега од германскиот производител не објавија повеќе детали, но беше прикажан цртеж кој нуди увид во дизајнот на идниот „pick-up“ модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП