19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel ја купува компанијата Altera?

Intel ја купува компанијата Altera?

intel altera

„Intel“ е во напредни преговори за стекнување на компанијата за чипови „Altera“, тврдат извори запознаени со случајот. Овој потег ќе претставува најголемата ваква зделка за гиганти во сферата на производството на чипови, пишува „Reuters“.

Засега не е познато колку ќе плати „Intel“ за зделката. Пазарната вредност на „Altera“ беше околу 10,4 милијарди долари пред во медиумите за прв пат да се пишува за преговорите. Во петокот нејзината вредност достигна 13,4 милијарди долари.

Компанијата ќе биде голем залак за „Intel“, која пред се се придржува кон стекнување на помали фирми.

„Intel“, која е со седиште во Санта Клара, Калифорнија, е најголемиот производител на чипови за персонални компјутери и серверски системи, а нејзината пазарна вредност е 151,6 милијарди долари.

„Altera“ пак е со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, и е еден од најголемите производители на логички контролери кои можат да бидат конфигурирани од клиентите за извршување на различни задачи. Тие се широко користени во телефонските мрежи, автомобилите и за производство на други производи.

„Intel“ и „Altera“ работеа заедно и претходно. Во 2013-та година „Intel“ се согласи да пренесе дел од производството на чипови кон „Altera“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП